Најмладиот дебитант во историјата на фудбалската репрезентација на Македонија Дарко Чурчинов вчера дебитираше во националниот тим и на Европско првенство. Среќен е лично поради дебито, но жали што Македонија го забележа и вториот пораз.
“Убаво е чувството да се игра за својата земја на Европско првенство. Дадовме се од себе за да се вратиме целосно во игра по негативата од два гола, но, за жал, не успеавме. Имавме шанси и за реми, но немавме и среќа во завршницата. Сега останува да се фокусираме на третиот натпревар против Холандија и да се обидеме да одиграме најдобро што знаеме”, изјави Чурлинов.
Македонската фудбалска репрезентација ја напушта базата во Букурешт и се сели во Амстердам. По две кола, Македонија има два порази и е на последното место во групата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













