
Дарко Чурлинов е повторно е дел од А-репрезентацијата на Македонија. Помина низ тешки денови, но се избори со сепсата која сериозно го загрози неговото здравје и сега повторно може да мисли на фудбалот. Полека се врати и на тренинзиоте на Барнли, доби и повик од селекторот Благоја Милевски во националниот тим.
„Минав низ тежок период и одлично е чувството што повторно сум на терен. Сите знаете во каква ситуација бев и навистина сум среќен што повторно може да играм фудбал, а секако пресреќен што сум повторно дел од македонската репрезентација.
Се чувствувам одлично, веќе одиграв натпревар за У23-тимот на Барнли, а наскоро очекувам да се вратам и во првиот тим, па затоа сум максимално подготвен и за настап во репрезентацијата. Ако добијам минутажа во ред, ако не, секако повторно сум тука за репрезентацијата затоа што секој од нас кој е тука, дали играл или не, е важен дел од неа.
Овде сме сите еден за друг. Знаеме со каков квалитет располага оваа селекција и без разлика на противникот тоа треба да го покажеме на терен. Сигурен сум дека така ќе биде и со Украина затоа што овие момци покажаа против Италија колку вредат“, изјави Чурлинов на денешниот тренинг.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
