
Ламин Јамал, чудото од дете на Барселона, за само четири дена постави рекорди во Лигата на шампионите и во Ла Лига. Прво, играјќи од почетокот во победата од 0-1 кај Порто, стана најмладиот стартер во историјата на најсилната конкуренција, со само 16 години и 83 дена.
Неделата од соништата за Јамал продолжи, бидејќи два дена претходно потпиша професионален договор со Барселона со откупна клаузула од една милијарда евра.
Потоа следеше нов историски потфат на Ламин. Пред кракот на првото полувреме во деветтото коло на Ла Лига кај Гранада, тој постигна гол за намалување на предноста на домашната екипа на 2-1. Тоа го стори на возраст од 16 години и 87 дена и стана најмладиот стрелец во историјата на едно од најсилните фудбалски првенства.
Со овој гол Ламин Јамал го надмина досегашниот рекордер Фабрицио Олинга, кој во 2012 година постигна гол за Малага со 16 години и 98 дена.
Јамал беше најавен како наследник на Меси. Тој е роден во Каталонија, мајка му е од Екваторијална Гвинеја, а татко му потекнува од Мароко. Во Барселона е од шестгодишна возраст.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Нови Пазар го претстави Јован Манев како ново засилување

Евро-фудбал
Астон Вила заинтересирана за Николас Џексон

Прва лига
Донгмо прави трансфер во Романија

Евро-фудбал
Наполи се вклучи во трката за Расмус Хојлунд

Интернационалци
Јован Манев потпишува за Нови Пазар

Интернационалци
Чедомир Јаневски нов тренер на кипарскиот клуб Красава
