Фантастично дерби приредија Милан и Интер во градската пресметка на „Сан Сиро“, а на крајот славеше шампионот со 3-2. Рафаел Леао со два гола и асистенција и голманот Мајк Мањон се хероите на Милан, а гол постигна и Оливие Жиру.
Марсело Брозовиќ му донесе предност на Интер во 21.минута, но само седум минути подоцна израмни Рафаел Леао.
Во 54.минута Оливие Жиру се погрижи за пресврт, а Рафаел Леао го нокаутира ривалот во 60.минута.
Един Џеко намали на 3-2, а Мајк Мањон со фантастична интервенција ја скроти „бомбата“ на Чалханоглу од далечина.
Милан по пет кола има 11 бода и во моментот се искачи на врвот на табелата во Серија А.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













