Феноменалниот старт на Ерлинг Халанд во Манчестер Сити, соборувајќи низа рекорди и испишување историја, но и се што правеше во неговите претходни клубови, се причините поради кои 22-годишниот напаѓач го споредуваат со едни од најдобрите фудбалери на сите времиња. Бројките до кои дојде толку млад, јасно покажуваат дека по напаѓачките перформанси е далеку пред она што го постигнаа Кристијано Роналдо и Лионел Меси на негова возраст. Убедливо е и пред Килијан Мбапе.
„Тој е роден да постигнува голови, а бројките што ги постигнува говорат сами по себе. Искрено, тој делува застрашувачки“, изјави Пеп Гвардиола за својот напаѓач, кој веќе испиша историја во Премиер – лигата со головиа, а пред себе има рекорди кои лесно ќе ги урне ако продолжи да игра со таква ефикасност.
Халанд на тој начин би можел да постави нов рекорд по бројот на голови во Премиер – лигата во една сезона, кој го држат Енди Кол и Алан Ширер со 34 гола. Тогаш се играа 42 натпревари од англиското првенство.
Рекордот по бројот на голови на одиграни 38 натпревари е 32 гола и го постави Мохамед Салах. Халанд веќе има 14 по осум одиграни натпревари.
Никој во Премиер – лигата не ја освоил титулата најдобар стрелец со просек од гол по натпревар, а најблиску до тоа беше Хари Кејн во 2016/17 година. кога погоди 29 пати на 30 натпревари. Ако продолжи вака, Халанд може да го дочека крајот на сезоната со неверојатни 60 гола.
Доколку неговата кариера се развива според почетната сезона во Англија, се споменуваат и рекордите кои ги држат Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
Вакви бројки немаа двајцата, како и фантастичниот Килијан Мбапе, кој е една година постар од Халанд. Ако се погледне само клупската кариера, Халанд е далеку пред сите други.
Играјќи за Брин, за кој никогаш не постигна гол на 16 натпревари, Молде, Салцбург, Борусија Дортмунд и Манчестер Сити, Халанд собра 195 натпревари. На нив постигна 154 гола, односно во кариерата има просек од 0,8 голови по натпревар.
Споредба на перформансите на Халанд, Мбапе, Меси и Роналдо до 22 години
Халанд: 154 гола на 194 натпревари (0,8 во просек по натпревар)
Мбапе: 131 гол на 202 натпревари (0,65 во просек по натпревар)
Меси: 80 гола на 162 натпревари (0,5 во просек по натпревар)
Роналдо: 53 гола на 214 натпревари (0,25 во просек по натпревар)
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal