
Аргентинскиот стратег Диего Симеоне би можел да го напушти Атлетико Мадрид по крајот на сезоната, пишува „Релево“.
Иако важи за најуспешен тренер во историјата на клубот, тој е пред заминување, со олгед дека е дел од Атлетико од 2011 година. Причината не е само во резултатите, туку и во чувството на исцрпеност, кое станува сè повидливо.
Дополнителен фактор е новиот директор за фудбал, Карлос Букеро, кој ја презеде функцијата во јануари 2024 година. По неговото доаѓање, беа направени неколку клучни промени, меѓу кои и отпуштањето на спортскиот директор Андреа Берта, долгогодишен соработник и доверлив човек на Симеоне. Освен Берта, отстранети се и други членови на персоналот кои беа блиски со Симеоне.
Односот на Букеро со играчите се опишува како „студен“, што влијае на хармонијата во клубот. Една од неговите први мерки беше намалување на платите, што влијаеше врз играчи како Марио Хермосо, Стефан Савиќ, Алваро Мората и Мемфис Депај.
Влијанието на Симеоне во донесувањето на вакви одлуки значително се намали, иако порано тој го имаше последниот збор.
Се споменува и дека Букеро не го сакал во клубот синот на Симеоне, Џулијано, што дополнително ги заостри тензиите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Евро-фудбал
Анге Постекоглу е нов менаџер на Нотингем Форест

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола

Евро-фудбал
Хјулманд ќе биде нов тренер на Баер Леверкузен
