Connect with us

Член на Барселона поднесе барање до Европската комисија да го блокира трансферот на Меси во ПСЖ

Еден од членовите на ФК Барселона денеска поднесе барање до францускиот суд и пред Комисијата на Европската унија да ја блокира секоја можност за трансфер на Лионел Меси во ПСЖ, бидејќи во Франција не е донесена одредба за почитување на финансискиот фер -плеј.


Барселона минатата недела објави дека не може да потпише нов договор со Меси, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња и икона на клубот, кој пристигнал таму како 13-годишно момче, поради прописите за финансискиот фер-плеј кој не помина во Ла Лига.

Во уредбата се наведува дека фудбалските клубови не смеат да издвојуваат повеќе пари за платите на своите тимови отколку што заработуваат. Истите правила важат и во повеќето други најсилни европски фудбалски лиги, но не и во Франција, а причината за тоа, според членот на Барселона, е тоа што лидерите на францускиот фудбал сакаат да му помогнат на ПСЖ на секој начин да стане европски шампион.

Членот на Барселона, кој аплицираше за блокирање на трансферот на Меси, вели дека секој трансфер на Меси во ПСЖ би бил „нарушување на конкуренцијата со другите национални лиги“ и како таков би бил „штетен за навивачите на Барселона“.

Исто така, тоа ќе влијае на пазарната конкуренција во рамките на Европската унија и со тоа ќе претставува нелегална државна помош.

„Марка“ исто така објави дека Барселона ќе се обиде да го блокира трансферот на Меси во ПСЖ. Таа објави ексклузивни документи кои покажуваат дека финансискиот фер -плеј треба да го исклучи ПСЖ од трката за Меси.

„Финансисикиот фер-плеј на ПСЖ е полош од оној на Барселона“, изјави д -р Хуан Бранко, кој стои зад членовите на Барселона. Документите се испратени до Апелациониот суд.

„Во сезоната 2019/2020, 99 проценти од приходите на ПСЖ беа искористени за плати на играчите, додека за Барселона беа 54 проценти“, додава тој.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови