Договорот на Рахим Стерлинг со Манчестер Сити е до летото 2023 година. Тој во клубот пристигна во 2015 година од Ливерпул, а следната година би можел да замине. „Сан“ пишува дека четири клуба се заинтересирани за 27-годишниот крилен напаѓач на англиската репрезентација.
Британскиот таблоид пишува дека станува збор за Баерн, Челси, Реал Мадрид и Барселона. Сан истакнува дека Стерлинг сака да биде првотимец и да игра важна улога за Англија на Светското првенство во Катар што ќе се одржи на крајот од годинава.
Сити ги доведе Халанд и Алварез, што значи дека со другите играчи кои веќе се во клубот нема многу простор за Стерлинг.
Сити за Стерлинг пред седум години плати околу 60 милиони евра. За англискиот шампион оваа сезона забележа 47 настапи. Тој постигна 17 гола и асистираше на девет од нив. Трансфермаркт ја проценува неговата вредност на 85 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













