
Фудбалската репрезентација на Чешка е третиот четвртфиналист на Европското првенство откако во Будимпешта пред 67.000 гледачи ја елиминура селекцијата на Холандија со триумф од 2-0. Ривалот на Македонија во групната фаза првпат го напушти Амстердам на шампионатот и доживеа елиминација. Селекцијата на Франк де Бур не одговори на предизвикот.
#EURO2020 #NEDCZE
— aɖռaռ ɛʊʀօ𖥢 (@euro_adnan) June 27, 2021
De Ligt Red Card 🎥
ـــــــــــــــــــــــــــــــــــــــــــ
to never miss any goal Follow @BSM26F_
🎥 Telegram | https://t.co/hk2RbYcEhI pic.twitter.com/i9Pl33tIls
Холандија беше подобра во првото полувреме, но не успеа да го отвори резултатот. Неволјите за „лалињата“ почнаа во 55.минута, кога Матијс де Лихт заработи црвен картон играјќи со рака во дуелот со Патрик Шик, кога напаѓачот на Чешка ќе излезеше сам пред голот. Судијата Сергеј Карашев прво му покажа жолт картон, но по прегледувањето на ВАР снимката сепак се премисли и го испрати во соблекувалната.
Претходно, Дониел Мален имаше фантастична шанса за ја доведе Холандија во предност, излезе сам пред голманот Томаш Вацлик, но тој фантастично реагираше и спаси погодок.
Чешка поведе со голот на Томаш Холеш во 68.минута. По нафрлувањето од десната страна Томаш Халаш високо скокна на вториот дирек, ја врати топката, а Холеш со глава погоди на вистинското место.
Холеш беше асистент на вториот гол за Чешка што го постигна Патрик Шик во 80.минута. Тоа е негов четврти гол на шампионатот, а Чесите патуваат во четвртфиналето каде ќе ги одмерат силите со Данска.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мурињо се враќа во Португалија?

Евро-фудбал
Џејдон Санчо во Јуве, тоа е веќе завршена работа

Евро-фудбал
Милан му нуди нов договор на Рафаел Леао

Евро-фудбал
Рашфорд доаѓа на позајмица во Барселона

Евро-фудбал
Лукас Васкез доаѓа во Јувентус?

Евро-фудбал
Ал-Хилал тргнува по потписот на Александер Исак

Македонија Ѓорче Петров
Македонија ЃП ја засили одбраната со Србинот Алекса Јовановиќ
