
Сезоната во која потроши повеќе од 600 милиони евра на нови фудбалери е речиси загубена за Челзи. Избраниците на Грем Потер се на десеттото место во Премиер – лигата со 11 бодови помалку од позициите кои водат во Лигата на шампионите, додека во тековната ЛШ беа поразени во Дортмунд со 1-0 во првиот осминафинален натпревар против Борусија.
Откако менаџерот Томас Тухел, кој ја освои Лигата на шампионите со „сините“ во 2021 година, доби отказ на почетокот на сезоната, Челси му плати на Брајтон отштета од 22 милиони евра за Потер, што го прави најскапиот тренер во историјата на клубот. Потер доби петгодишен договор и одврзани раце за да формира нов тим.
Очигледно е дека Потер не се снајде. Победи само два од 13 првенствени натпревари, неговиот тим изгледа очајно и не знае што сака на теренот, а ниту новите, скапи играчи се уште не покажале ништо. Некои англиски медиуми тврдат дека Челси веќе напорно работи на доведување на нов тренер, само неколку месеци откако пристигна Потер.
Иако никој официјално не го потврди тоа, многу англиски новинари на Твитер пишуваат дека Челси стапил во контакт со Маурисио Покетино, кој е без работа откако го напушти Пари Сен Жермен. Аргентинецот наводно ја одбил првата понуда, но не ја отфрлил целосно идејата да биде менаџер на Челси.
Во Англија, Покетино ги предводеше Саутемптон и Тотенхем, со кои стигна до финалето на Лигата на шампионите во 2019 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal
