
Челси продолжува да покажува интерес за Виктор Осимен, но ќе мора да почека до јануари за да ги продолжи преговорите за ангажман на нигерискиот напаѓач, тврдат англиските медиуми.
Во моментов, Осимен игра на позајмица во Галатасарај од Наполи, каде што постигна два гола во првите три натпревари. Во текот на летото, Челси и Ал-Ахли беа заинтересирани за неговиот потпис, но трансферот не се реализира, по што тој беше испратен во Турција, бидејќи не се вклопуваше во плановите на Антонио Конте.
И покрај тоа што не успеаја да го доведат во своите редови летово, изгледа дека лондонскиот клуб не се откажува од намерата да го ангажира Осимен, и можно е да направат нов обид за договор кога ќе се отвори зимскиот трансфер период.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
