Челси ја оствари петтата победа во Премиер – лигата оваа сезона откако на „Стемфорд бриџ“ го совлада Саутемптон со 3-1. Со 16 бода „сините“ сега се наоѓаат на врвот на табелата, со два бода предност пред Ливерпул кој утре го пречекува Манчестер Сити.
Чалоба во деветтата минута го отвори резултатот, а Ворд – Праус донесе неизвесност со голот во 60.минута. Саутемптон остана со фудбалер помалку во 77.минута, исклучен беше токму стрелецот, а тоа Челси го искористи за да постигне два гола. Тимо Вернер во 84.минута ја врати предноста, а Бен Чилвел пет минути подоцна го потврди триумфот.
Лидс Јунајтед го совлада Вотфорд со 1-0, со голот на Диего Љоренте, а Вулверхемптон славеше против Њукасл со 2-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













