Connect with us

Челси се вклучува во трката за Карим Бензема

Раководството на Челси е подготвено да се вклучи во евентуална битка за потписот на Карим Бензема до крајот на јануари, информираат медиумите на Островот. Прв премиерлигаш кој се заинтересира за Французинот по неговите проблеми во Ал-Итихад е Манчестер Јунајтед.


„Сините“ имаат сериозни проблеми во нападот од почетокот на сезоната и газдите на тимот од „Стемфорд Бриџ“ би биле сериозно во искушение да земат искусен и докажан голгетер како Французинот со оглед на физичките проблеми на Кристофер Нкунку и заминувањето на Николас Џексон, кој замина со Сенегал на Африканскиот куп на нации.

Во моментов лондончани не се подготвени да направат големи инвестиции од околу 100 и повеќе милиони фунти, како што се шпекулира, што најверојатно ќе биде цената на двајца од напаѓачите кои се поврзуваат со Челси – Иван Тони и Виктор Осимен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови