
Аргентинскиот интернационалец Енцо Фернандез до крајот на преодниот рок треба да стане нов фудбалер на Челси.
Преговорите меѓу Челзи и Бенфика околу трансферот на најдобриот млад играч на Светското првенство во Катар траеја во текот на целиот јануари. Клубот од Лисабон беше исклучително тежок преговарач.
Португалците бараа Челси веднаш да плати 120 милиони евра колку што е откупната клаузула на 22-годишниот фудбалер, но „сините“ бараа друг начин да стигнат до Аргентинецот и успеаја.
Последната понуда од лондонскиот клуб е – Рубен Лофтус-Чик и 100.000.000 евра во замена за Енцо Фернандез. Бенфика се согласи и сега се очекува играчот од средниот ред да ги помине медицинските прегледи во Лисабон за да добие зелено светло за големиот трансфер.
Енцо Фернандез минатото лето дојде во Бенфика од Ривер Плата за 14.000.000 евра, па јасно е дека португалскиот клуб ќе профитира многукратно.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Киеза има четири понуди да се врати во Серија А
