Челси ја имаше една од најлошите сезони во последните неколку години во англискиот премиерлигаш, но на крајот сепак успеа да излезе во Европа и следната сезона најверојатно ќе ги гледаме во Лига Европа.
Пред последното коло во Премиер-лигата, „сините“ се на шестата позиција со 60 бодови, три повеќе од Њукасл и Манчестер Јунајтед, но со многу подобра гол – разлика, па би требало да се случи чудо за Челси да го загуби шестото место.
Споменатата позиција води во Лига Европа, доколку Манчестер Сити го освои ФА Купот, а ако Манчестер Јунајтед победи во ФА Купот, тогаш шестото место води во Конференциската лига.
Сѐ на сѐ, не се задоволни во лондонскиот клуб, потрошија многу пари, а не ги добија посакуваните резултати. Затоа се зборува за заминување на менаџерот Маурисио Покетино, кој има договор до летото 2025 година.
Наводно лондонскиот клуб не е задоволен од работата на Покетино, а островските медиуми веќе пишуваат за неговиот наследник на клупата на „сините“.
Првиот избор на Челси е одличниот млад стратег Киран Меккена, кој на сензационален начин го однесе Ипсвич во Премиер-лигата.
По две децении „трактористите“ се враќаат во елитата, а Меккена ги воодушеви сите со својата работа.
Во Челси веќе планираат да го доведат овој млад тренер, но прашање е дали тој ќе реши го напушти Ипсвич сега кога овој тим има шанса да води во Премиер-лигата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













