Раководството на Челси ги разгледува имињата на петмина тренери кои би можеле да го наследат Маурисио Покетино, чија разделба од клубот беше објавена вчера. Според медиумите на Островот, најголема шанса има Роберто де Зерби, кој е слободен агент по заминувањето од Брајтон.
Останатите опции се Себастијан Хенес (Штутгарт), Мичел (Џирона), Енцо Мареска (Лестер) и Киеран Меккена (Ипсвич). Последниот има само 37 години и веќе е посочен како новото тренерско чудо на Островот. Тој со својот тим освои промоција во Премиер – лигата, но има многу понуди и тешко дека ќе остане во Ипсвич.
Во исто време во Англија ја открија причината за разделбата помеѓу Челси и Покетино. Како голем проблем се покажал стилот на работа на Покетино, но и некои промени во структурата на клубот.
Ниту една од страните не се согласи да направи компромис, па на крајот беше одлучено да се раскине договорот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













