Connect with us

Челси продава тројца фудбалери за да го купи Виктор Осимен од Наполи

Англискиот премиерлигаш Челси планира да се раздели со најмалку тројца играчи во јануари за да обезбеди средства за купување на ѕвездата на Наполи, Виктор Осимен. Според „ЕСПН“, цел на продажба се Трево Чалоба, Јан Матсен и Нони Мадуеке. На почетокот на неделата имаше информации дека и Конор Галагер би можел да го напушти „Стемфорд бриџ“.


По поразот од Евертон со 2-0 минатиот викенд, менаџерот на „сините“, Маурисио Покетино, изјави дека нешто му недостасува на неговиот тим и со отворањето на преодниот рок мора да се бараат решенија за одредени позиции.

Главната цел на Челси е да се привлече Осимен.

На „Стемфорд Бриџ“ сакаат да се засилат со Иван Тони од Брентфорд, а го следат и голгетерот на Феенорд, Сантијаго Хименез.

Поради задоволувањето на финансискиот фер-плеј, Челси не може да си дозволи скапи трансфери без да се раздели со некои од своите сегашни играчи. Чалоба нема одиграно ниту една минута од почетокот на сезоната поради повреда. За него е заинтересиран Кристал Палас. Матсен е цел на Борусија Дортмунд, а Мадуеке, кој беше донесен на инсистирање на претходниот менаџер Грем Потер, може да биде позајмен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови