
Европскиот првак Челси испрати понуда вредна 100 милиони евра за Федерико Киеза, но Јувентус ја одби. Менаџерот на Челси, Томас Тухел, покажал голем интерес за одличниот офанзивен играч, но Јувентус отсечно одговорил дека Киеза не е на продажба. Претходно и Баерн Минхен се интересираше за одличниот крилен играч откако тој имаше импресивни настапи на Европското првенство.
Челзи сака да го засили нападот, со оглед дека Тами Абрахам, Оливие Жиру, Хаким Зиех и Калум Хадсон-Одои се на излезната врата од „Стемфорд бриџ“.
Киеза беше на врвот на списокот на Томас Тухел заедно со Ерлинг Халанд, но европскиот шампион доби „не“ од Јувентус.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal