
Челси размислувал за доведување на Џанлуиџи Донарума ова лето, но одлучил во корист на Едуард Менди, кој имаше одлична претходна сезона и беше избран за голман на сезоната од страна на УЕФА.
Менди се истакна како херој на Челси, благодарение на кого, “сините” извлекоа три бода во дербито на во Западен Лондон против Брентфорд вчера. И покрај тоа што беше релативно непознат пред неговиот трансфер во Челси, Сенегалецот едноставно ја оправдува довербата на клубот во него.
Клубот од “Стемфорд Бриџ” имал шанса да го ангажира Џанлуиџи Донарума, кој беше слободен играч за време на последниот преоден рок. Сепак, раководството на Европскиот шампиони одлучило да не ја искористи шансата поради нивната доверба во Менди, велејќи: “Тој ќе биде наш голман многу години”.
Италијанецот Донарума, потоа му се придружи на Пари Сен Жермен, што значи дека премиерлигашот најверојатно ќе се соочи со италијанскиот голман на патот кон одбраната на титулата во Лигата на шампионите. Менди, пак, се покажува како еден од најдобрите во светот на својата позиција и тој само покажува дека клубот ја донел вистинската одлука.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јувентус сака да го доведе Бернардо Силва

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Прва лига
Арсими ќе се обиде да го скроти Вардар
