Капитенот на Тотенхем и на англиската репрезентација, Хари Кејн, донесе одлука да ја промени средината по завршувањето на сезоната во Премиер – лигата. Раководството на клубот е подготвено да го пушти во знак на благодарност за сè што направи за клубот, но секако дека е потребна и добра понуда за да биде продаден.
Манчестер Сити, Челси и Манчестер Јунајтед се клубовите кои се заинтересирани за негов ангажман, а се поклопуваат со амбициите на Хари Кејн – да освојува трофеи со својот иден клуб.
Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, најверојатно ќе бара отштета од 150 милиони фунти, а Челси ќе се обиде да склопи примамлива понуда.
Клубот од „Стемфорд бриџ“ е подготвен во пакетот да ги понуди напаѓачот Тами Абрахам и голманот Кепа Аризабалага, плус одредена сума до 150 милиони фунти.
Оваа сезона Хари Кејн одигра 48 натпревари за Тотенхем во сите натпреварувања, постигна 32 гола и забележа 16 асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













