Централниот дефанзивец на Јувентус, Матијс де Лихт е една од најголемите желби на англискиот премиерлигаш Челси, тврди „Скај Италија“. Приоритет во селекцијата на лондончани е засилување во одбранбениот дел, откако летово клубот го напуштија Антонио Рудигер и Андреас Кристенсен.
22-годишниот Де Лихт има договор со Јуве до летото 2024 година. Тој има отштетна клаузула од 120 милиони евра во неговиот договор, а според италијанските медиуми, „бјанконерите“ тешко би се согласиле да се разделат со него за многу помала сума. Згора на тоа, клубот веќе преговара за нов договор со Холанѓанецот.
Челси е подготвен да плати околу 80 милиони евра за Де Лихт или да испрати дел од фудбалерите во Торино.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на кормилото на Ајакс?
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













