Челси ја подготвува првата официјална понуда за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо. Според медиумите на Островот, понудата ќе биде вредна 14 милиони фунти.
Информацијата дека Челси го сака Роналдо првпат се појави на 25 јуни, откако новиот сопственик Тод Боели се сретнал со агентот на Португалецот, Жорге Мендеш.
Кристијано Роналдо сака да се пресели во друг тим каде ќе може да игра во Лигата на шампионите. Денеска англиските медиуми објавија дека клубот од „Олд Трафорд“ одлучил да го продаде португалскиот ас.
Јунајтед наводно ќе сака да ги врати парите што ги плати на Јувентус за Роналдо пред една година. Тогаш „црвените ѓаволи“ дадоа почетни 12,9 милиони фунти, а со бонусите сумата достигна околу 17 милиони фунти.
Во секој момент Челси треба да го финализира трансферот на Рахим Стерлинг од Манчестер Сити. Тоа значи дека тимот на Томас Тухел ќе има сосема поинаков изглед во нападот доколку го доведат Кристијано Роналдо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













