Челси не успеа да го победи Шарлот во вториот натпревар на американско тло на нивната летна турнеја. Во регуларното време натпреварот заврши 1-1, а потоа двете екипи со пенали го одредија победникот и домашните се радуваа со 5-3.
Натпреварот започна со околу еден час доцнење поради силна бура со грмотевици на стадионот „Бенк оф Америка“ во Шарлот. Натпреварот беше и неофицијално деби за новото засилување на лондончани Рахим Стерлинг, кој влезе како замена во второто полувреме.
Челси поведе во 30. минута со голот на Кристијан Пулишиќ. Англичаните веќе се гледаа како победници, но во судиското продолжение од мечот Чалоба направи прекршок за пенал, а Даниел Риос го претвори ударот од 11 метри во 1-1.
Двата тима потоа го одредија победникот по изведувањето пенали. Фудбалерите на Шарлот ги реализираа сите пет удари од белата точка, додека Конор Галагер го промаши третиот пенал за Челси.
Следниот тест на Челси ќе биде против Арсенал на 24 јули.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













