Англискиот премиерлигаш Челси постигна договор со Вулверхемптон за трансферот на крилниот напаѓач Педро Нето. Претходно, Вулверхемптон одби две понуди од Челси, но последната била прифатена. Лондонскиот клуб треба да плати 60 милиони евра, плус три милиони во форма на бонуси.
Досега, Челси веќе доведе девет нови играчи во текот на летниот трансферен прозорец. Педро Нето ќе биде десеттиот нов играч на лондончани, а наскоро се очекува да биде финализиран и трансферот на Саму Омородион од Атлетико Мадрид.
24-годишниот Португалец наскоро треба да патува за Лондон за да ги мине медицинските прегледи, по што ќе го потпише својот договор. Тој и неговиот агент веќе ги договориле личните услови со Челзи.
Нето одигра 135 натпревари и постигна 14 голови за Вулверхемптон по трансферот од Брага во 2019 година. Претходно, тој играше како позајмен играч во Лацио.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













