Connect with us

Челси и Манчестер Сити во трка за Рафаел Леао

Англиските премиерлигаши Челси и Манчестер Сити се во трка за офанзивецот на Милан, Рафаел Леао, кој минатата сезона беше избран за МВП играч во Серија А. Под водство на Стефано Пиоли, португалскиот интернационалец квалитетот го потврди и оваа сезона, постигнувајќи шест и асистирајќи при девет гола на 17 натпревари за клубот од „Сан Сиро“.


Акцијата за негов ангажман во Челси трае веќе подолг период, а проектот на клубот веќе му е објаснет на португалскиот ас. Армандо Броја и Хаким Зијеч треба да му бидат понудени на Милан како играчи кои би ја намалиле цената на Леао. Челси е подготвен да плати 120 милиони евра.


Заинтересиран е и Манчестер Сити, од кого исто така се очекува понуда во јануари, пренесуваат италијанските медиуми.


Рафаел Леао има договор со Милан до летото 2024 година и досега одбиваше да преговара за продолжување на соработката.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови