
Челси и Манчестер Сити ја договорија отштетата околу трансферот на Рахим Стерлинг. Клубот од „Стемфорд бриџ“ ќе плати 45 милиони фунти, со дополнителни 10 милиони како бонуси.
По санкциите кон Роман Абрамович, Челси стана сопственост на Американецот Тод Боли, кој сака да потпише барем еден „капиталец“ во летниот преоден рок, а изборот падна на Стерлинг.
Англискиот репрезентативец наполни 28 години, а договорот со Сити го обврзува на уште една година, што е причина за помалото обештетување кое Челси нема проблеми да го плати. Играјќи за Манчестер Сити, тој освои 12 трофеи, вклучувајќи четири титули во лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
