Преодниот рок се затвора, се финализираат последните потези, а еден од нив е трансферот на Кол Палмер од Манчестер Сити во Челси.
Медиумите пишуваат дека сѐ е договорено за трансферот на младиот англиски фудбалер за околу 50 милиони евра. Таа вест сепак не е стигната до оној кој прв треба да знае, Маурисио Покетино.
Аргентинецот на прес-конференцијата призна дека не бил информиран за доаѓањето на ново име во неговиот тим.
"The club still didn't tell me" 👀
— Sky Sports News (@SkySportsNews) August 31, 2023
Mauricio Pochettino on Cole Palmer's expected move to Chelsea 🔵 pic.twitter.com/AP01Zk9qb9
„Не знам ништо, ниту имам што да кажам за играчи кои не ни припаѓаат нам. Клубот ништо не ми кажа“, изјави Покетино.
Прашањата и размената на информации продолжија, при што Маурисио успеа да остане мирен и со изненаден израз на лицето.
„Не сакам да зборувам за играч кој не е потпишан. Не знам дали ќе треба повеќе или помалку труд за да го донесат пред крајот на преодниот рок“, заклучи Покетино.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на кормилото на Ајакс?
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













