Челси го ангажираше Џејми Биноа-Гитенс од Борусија Дортмунд, соопшти германскиот клуб во четвртокот. 20-годишното крило потпиша седумгодишен договор со „сините“, кои, според британските медиуми, ќе платат 55 милиони фунти за трансферот.
Двата клуба моментално се наоѓаат во САД и ќе учествуваат во четвртфиналето на Светското клупско првенство. Претставници на лондонскиот клуб постигнале договор со колегите од Дортмунд на состанок во Форт Лодердејл. Последните детали од договорот ќе бидат финализирани во следните часови или денови.
Биноа-Гитенс се приклучи на Борусија од Манчестер Сити во 2020 година и дебитираше за првиот тим во 2022. За „жолто-црните“ има одиграно 107 натпревари и постигнато 17 голови во сите натпреварувања.
„Кариерата на Џејми Биноа-Гитенс е пример за развој на младите таленти во Борусија. Го откривме Џејми многу рано и практично го донесовме без обештетување, понудувајќи му можност да настапува на највисоко ниво во нашиот прв тим. Тој ни возврати со голови, одлични настапи и посветеност“, изјави спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Ларс Рикен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова













