Дефанзивецот на Манчестер Сити, Нејтан Аке, ги договорил личните услови со Челси и се очекува наскоро да се пресели во Лондон. Тоа би бил втор мандат за Холанѓанецот во редовите на двократниот европски првак.
Сега се чека официјална понуда до Сити за централниот дефанзивец. Се очекува шампионот на Англија да се задоволи со сума од 45 милиони евра.
Откако Сити ќе излезе со своите услови, шефовите на Челси потоа ќе размислат за нивниот следен потег. Аке не е прва опција за Пеп Гвардиола како стопер.
Челси треба итно да се засили во дефанзивната линија, бидејќи редовите на „сините“ ги напуштија Рудигер, кој замина во Реал, и Кристенсен, кој заврши во Барселона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













