Connect with us

Челси е блиску до потпис со Олисе

Челси е сѐ поблиску до потписот на крилото на Кристал Палас, Мајкл Олисе. „Сините“ работат напорно за да го завршат договорот за 21-годишниот талент и двете страни се приближуваат кон договор, иако сè уште имаат некои несогласувања.

Од „Стемфорд Бриџ“ нудат меѓу 25 и 30 милиони фунти за Французинот, додека од Кристал Палас инсистираат „сините“ да ја платат неговата ослободителна клаузула која е во висина од 35 милиони фунти.

Преговорите меѓу двете страни продолжуваат, а очекувањата се дека допрва ќе најдат компромисно решение што им одговара на сите.

Сепак, Челси ќе мора да побрза во преговорите за Олисе, бидејќи играчот се поврзува со интерес и од Манчестер Сити, кој би можел да се вклучи во битката за неговиот потпис.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови