Челси може да се согласи да го позајми Кристијан Пулишиќ на Манчестер Јунајтед, но само доколку Американецот прво го продолжи договорот со лондончани. Желбата на сопственикот на „сините“, Тод Боели, е да го продаде 23-годишниот крилен напаѓач, а Челси сака во најлош случај да си ги врати парите кои за него и ги платија на Борусија Дортмунд пред три години. Сумата беше 58 милиони фунти.
Сепак, таква понуда за Пулишиќ во моментот нема.
Актуелниот договор на Пулишиќ истекува за две години. Тоа значи дека доколку помине една сезона на позајмица на „Олд Трафорд“, а потоа се врати во Челси, лондончани нема да можат да го извлечат максимумот за него бидејќи тој ќе има уште само 12 месеци од договорот.
Меѓутоа, доколку сега го продолжи договорот со Челси и има силна сезона во Манчестер Јунајтед, тогаш клубот од „Стемфорд Бриџ“ ќе ги држи сите карти за профитабилен трансфер следното лето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













