
Капитенот на Челси, Рис Џејмс, ќе отсуствува околу еден месец и веројатно нема да се врати на терените пред Нова година, објавува „Дејли Телеграф“. Пред неколку дена беше потврдено дека дефанзивецот заработил нова повреда, повторно во форма на истегнување на мускул.
По деталните лекарски прегледи, утврдено е дека ќе му бидат потребни најмалку уште четири недели за целосно закрепнување.
Џејмс ја започна сезоната со повреда, а потоа доби и суспензија од три натпревари, поради што досега во оваа сезона забележа само четири настапи.
„Мислам дека во неговиот случај е најдобро да не зборуваме премногу. Колку повеќе се дискутира, толку повеќе расте притисокот врз него“, изјави менаџерот на Челси, Енцо Мареска.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
