Connect with us

Чеферин заминува од УЕФА во 2027 година: Ме прикажаа како да сум Ким Јонг-Ун

Претседателот на европската фудбалска организација (УЕФА), Александар Чеферин, изненади со одлуката дека нема да се кандидира за нов мандат во 2027 година. Словенецот ја донел таа одлука две недели откако се појавија несогласувања меѓу него и Звонимир Бобан, кој до неодамна беше еден од главните соработници на Чеферин. Но, тогаш работите се сменија и Бобан реши да си замине.


Легендарниот хрватски фудбалер беше главен оперативец на УЕФА и близок соработник на претседателот Александар Чеферин, но не можеше и не сакаше да го прескокне обидот на Чеферин, како што смета, насилно да остане на власт подолго отколку што треба.

На крајот на минатата година, Чеферин почна да се залага за промени во статутот на УЕФА, што ќе му овозможи четврти мандат на врвот на Европската фудбалска федерација. Актуелниот мандат на Словенецот како претседател на УЕФА требаше да истече во 2027 година, а според статутот тој повеќе не може да се кандидира за функцијата, односно не може да биде на власт повеќе од 12 години.

Тој дојде на чело на УЕФА откако беше сменет Мишел Платини. Тој беше човекот што требаше да ја смени УЕФА, да ја направи потранспарентна и искрена, а сега, според Бобан, насилно ќе се обиде да го продолжи владеењето за уште еден мандат. За тоа ќе му треба мнозинството гласови од членките на УЕФА на конгресот во Париз на 8 февруари. Чеферин пред неколку дена го коментираше заминувањето на Бобан:

„Голема грешка е да се сугерира дека УЕФА е непоправливо фрагментирана. Конгресот има моќ да ја одреди соодветноста на промените, но не и поединец. Ние веруваме во нашиот колективен и демократски процес на одлучување. Оваа промена не значи ништо, но се прикажува како да сум станал Ким Јонг-Ун од Северна Кореја. Тоа не е точно, а одлуката за кандидатурата не зависи само од мене. Секако дека ја имам моќта како претседател, но верувајте сите проблеми на оваа организација се на мој грб. Мислам дека и онака секоја одлука ја одобрува Извршниот одбор. Сигурен сум дека можеме да напредуваме, но би ве предизвикал да поминете шест месеци на мојата позиција и ќе видите дека не е лесно. Кога станува збор за политиката и фудбалот, сите се паметни“, изјави Чеферин.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови