
Претседателот на УЕФА Александар Чеферин изрази големо задоволство од дебитантската сезона на турнирот од Лигата на конференциите. Вечерва во Тирана ќе биде познат првиот освојувач на трофејот, победникот од финалната пресметка меѓу италијанскиот калчолигаш Рома и холандскиот клуб Феенорд.
„Никогаш не очекувавме толку голем интерес за Конференциската лига на УЕФА. Во 2020 година, кога го избравме домаќинот на финалето, претпоставувавме дека е подобро да започнеме со помал објект“, изјави Чеферин.
Тој ја објасни и идејата на УЕФА за ова натпреварување.
„Идејата на Конференциската лига е да има повеќе натпревари за повеќе клубови и повеќе национални асоцијации да бидат претставени во групната фаза. Формулата што ја користевме беше успешна. Многу фудбалски стручњаци се обидоа да не убедат дека таков турнир не може да се „трка“ со Лигата на шампионите и со Лигата на Европа, но можете да видите дека сега има две екипи во финалето кои имаат квалитети да играат дури и во Лигата на шампионите. Оваа прва сезона ги надмина нашите очекувања“, заклучи Чеферин.

-
Само Реал е оригинал, Сити и ПСЖ се копии…Страста на „You’ll never walk alone“
Кога Реал Мадрид го загуби првиот осминафинален натпревар во Париз на 15 февруари, светот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ова ли е европска Шкендија? Казнете ја, да не ја види Европа!
21 век, Македонија. На фудбал одиш, може да „загинеш“. Новиот шампион „пречекан“ со тупаници,...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Миовски се приклучи на Абердин (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Челси побрз од Арсенал во преговорите за Рафиња

Интернационалци
Алиоски раскина со Ал Ахли и е пред трансфер во Трабзонспор

Евро-фудбал
Атлетико Мадрид го продава Гризман

Евро-фудбал
Њукасл го претстави Свен Ботман

Евро-фудбал
На Верати му преседна одморот на Ибица

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед купува дефанзивец на Феенорд

Прва лига
Брегалница го доведе Горан Силјановски

Интернационалци
Ал Ахли и Алиоски испаднаа од елитата на Саудиска Арабија

Евро-фудбал
Лукаш Леива се врати во Гремио

Евро-фудбал
Барселона ја пронајде замената за Френки де Јонг

Интернационалци
Сараево му се заблагодари на Крсте Велкоски (ВИДЕО)

Меѓународен фудбал
Пеналите среќни за Австралија – „кенгурите“ патуваат на СП во Катар (ВИДЕО)
