
Само европските клубови можат да играат во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига, изјави претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, во интервју за француски „Л’Екип“. Ова е одговорот на предводникот на европскиот фудбал на обвинувањата дека Саудиска Арабија сака во блиска иднина да има свој претставник во елитната европска Лига на шампиони.
„Мислам дека парите на Саудиска Арабија не се закана за европскиот фудбал. Имавме слични примери и претходно. Фудбалерите заминаа во Кина, доаѓаа големи понуди од таа земја, но кинескиот фудбал не напредуваше поради тоа. Мислам дека во Саудиска Арабија, или каде било на друго место, би требало да се инвестира во образованието и развојот на тренерите и играчите“, изјави 55-годишниот Чеферин и се осврна на двете можеби најголеми фудбалски ѕвезди во Европа во моментов.
„Колку што знам, Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд не сонуваат да одат во Саудиска Арабија. Повторувам, навистина не верувам дека квалитетот на нашите натпреварувања ќе биде загрозен во која било смисла“, потенцира претседателот на УЕФА.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем

Млади репрезентации
Четири гола на Медин Емини, Македонија У16 ја победи Црна Гора со 5-0

Евро-фудбал
Рико Луис останува на „Етихад“ до 2030 година

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари
