
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, одби да ја коментира изненадувачката одлука на Звонимир Бобан да се повлече од функцијата технички директор на Европската фудбалска организација, во знак на протест поради намерата на Словенецот да ја задржи власта дури и по истекувањето на неговиот мандат во 2027 година.
„Бобан не го заслужува мојот коментар. Оние кои ме знаат мене и него, природно ќе си ги нацртаат своите заклучоци. Конгресот, а не поединец, има моќ да одлучува за адекватноста на секоја промена. Ние веруваме во нашиот колективен и демократски процес на донесување одлуки кој ефективно не води кон иднината. Кога ќе дојде време, ќе кажам дали ќе се кандидирам за нов мандат”, изјави Чеферин во интервјуто за „Ла Република“.
Тој, исто така, ја критикуваше идејата за создавање Суперлига, изразувајќи уверување дека таков турнир нема да преживее и покрај неодамнешната одлука на Европскиот суд на правдата во Стразбур против воведувањето санкции за учество во него.
„Ова не е пораз за нас. Повторувам дека нивниот адвокат презентираше изјава која е различна од зборовите на пресудата. Ова е добро украсен пакет за нашите противници, но внатре во него нема ништо. Суперлигата е против секаква фудбалска логика. И ако никој не го сака тоа, тогаш нема смисла. За извршниот директор на А2, со оглед дека претставува само два клуба, ќе ја позајмам дефиницијата дадена од претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас – „Тој е Дејвид Коперфилд, илузионист на зборови. И јас би можел да кажам дека потпишав да играм за Интер или за Милан, но работите се вистинити само кога тоа навистина се случува“, истакна претседателот на УЕФА.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нејмар со нов пех, сега закачи „корона“

Евро-фудбал
Ерик тен Хаг го сака Гарначо во Баер Леверкузен
