
Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, единствените тројца преостанати членови на Суперлигата, издадоа заедничко соопштение неодамна откако УЕФА се закани дека ќе ги исфрли од Лигата на шампионите.
Европската фудбалска федерација прифати извинување од девет клуба кои влегоа, но и експресно излегоа од Суперлигата, а Челси, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Интер, Милан, Атлетико, Арсенал, Тотенхем и Ливерпул ветија дека ќе платат заедно 15 милиони евра за развој на детски фудбал низ цела Европа.
„Основачите на Суперлигата страдаат од неприфатливи притисоци, закани и навреди поради започнувањето на Суперлигата. Ова е целосно неприфатливо дури и според законските прописи”, изјавија Реал, Барселона и Јувентус, кои сè уште стојат зад проектот за Суперлига.
Александар Чеферин, претседателот на УЕФА, денеска повторно изјави дека трите великани можат да бидат исфрлени од Лигата на шампионите.
„Нашиот дисциплински одбор е независен и не можам да знам што тие ќе одлучат и какви ќе бидат санкциите. Сепак, она што навистина ми е чудно е што овие три клуба се уште се во Суперлигата и ни испраќаат писмо дека сакаат да играат во Лигата на шампионите. Не, не можете да бидете и во Лигата на шампионите и во Суперлигата. Не разбирам што се обидуваат да направат. Многу чуден пристап“, изјави Чеферин.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи

Евро-фудбал
Батурина пристигна во Комо за 17 милиони евра

Евро-фудбал
Арсенал повторно се фокусира кон Оли Воткинс
