Connect with us

Чеферин ќе им додели награда на хероите кои го спасија животот на Ериксен

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, оваа година наградата за посебни дела ќе ја додели на медицинскиот тим кој го спаси животот на Кристијан Ериксен на Европското првенство. Во најтешките мигови, помогнаа медицинските лица на теренот, а еден од најприсебните беше и капитенот на репрезентацијата на Данска, Симон КЛјаер.


„Оваа година, „Наградата на претседателот“ го надминува фудбалот. Тоа ќе служи како важен и вечен потсетник за тоа колку е скапоцен животот. Би сакал да им се заблагодарам на сите за одличната работа и исто така, би сакал да ги испратам моите најдобри желби до Кристијан Ериксен и неговото семејство додека тој продолжува со закрепнувањето“, изјави Александер Чеферин.

Овогодинешната награда на претседателот на УЕФА служи како соодветна почит за медицинскиот персонал кој беше на теренот на натпреварот на ЕВРО во Копенхаген, и за нивната стручност и за нивната примена на специјализирана обука што ги подготви за таков инцидент. Медицинскиот тим реагираше брзо, а Ериксен беше реанимиран преку примена на техниката со Кардиопулмонална реанимација (КПР) и дефибрилатор пред да биде одведен во болница.


„Кога Кристијан Ериксен падна на теренот во Копенхаген, јас, заедно со милиони други љубители на фудбалот, бев длабоко шокиран и загрижен. На голема радост и олеснување на сите, животот на Кристијан на крајот беше спасен благодарение на извонредната професионалност на медицинскиот тим. Имам најголемо восхитување за лекарите и медицинскиот персонал за нивната извонредна реакција и смиреност, атрибути кои беа клучни во реанимацијата на Кристијан“, додаде Чеферин.

Кристијан Ериксен јавно се заблагодари на сите кои го спасија неговиот живот во тие критични моменти.

„Би сакал да им се заблагодарам на Мортен [Скјолдаџер], Мортен [Босен] и на медицинскиот тим што помогнаа на „Паркен“ на 12 јуни. Направивте фантастична работа и ми го спасивте животот. Исто така голема благодарност до мојот пријател и капитен Симон Кјаер и до сите моите соиграчи во данскиот тим за вашата поддршка, и на 12 јуни и потоа. Благодарност до сите фанови кои испратија пораки до мене и моето семејство. Тоа значи многу и ни даде сила и поддршка. Ви благодарам”, изјави Ериксен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови