Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, најави дека во јуни ќе ја напушти тренерската функција во клубот. Ова го соопшти веднаш по тешкиот домашен пораз (3-5) од Вилјареал.
„Во јуни ќе ја напуштам Барселона. Дојдовме до точка од која нема враќање. Време е за промена. Мислам дека е време да си заминам. Денеска разговарав со раководството. Ќе заминам на 30 јуни“, откри Чави по натпреварот.
„Се чувствувам најодговорен. Нашиот проект функционира многу добро, но мислам дека оваа одлука ќе им помогне на играчите и на клубот. Не сакам да бидам пречка за Барса. Го сакам најдоброто за клубот, мислам дека тоа ќе ја деескалира ситуацијата. Му кажав и на Лапорта, имавме многу човечки разговор. Вклучително и денеска ми покажа апсолутна доверба, но мислам дека е време да си одам. Не си одам поради финансиската состојба, го правам тоа од срце“, додаде Чави.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













