Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, продолжува да одговара на прашањата за неговата иднина. Поради незадоволителните резултати, се почести се гласините за неговото евентуално заминување од клубот.
Минатата сезона тимот ја освои титулата, но сега е далеку од врвот на Ла Лига, веќе двапати поразен од Реал Мадрид, и доживеа елиминација од Купот на Шпанија.
„Мојата иднина? Во јуни ќе видиме каде сме и ќе одлучиме. Но, гарантирам дека имам енергија да работам”, изјави Чави.
„Јас сум задолжен за Барселона веќе две и пол години. Знам дека ќе дојде време и кога ќе морам да заминам“, посочи стратегот на каталонскиот тим.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













