
Чави Хернандез денеска и официјално потпиша спогодбен раскин на соработката со неговата Барселона. Каталонските медиуми открија дека Чави одлучил да се откаже од платата во последната година од неговиот договор, со што клубот ќе заштеди околу 12 милиони евра.
Но, единствениот услов му беше остатокот од стручниот штаб да биде платен до крајот на договорот, односно до летото 2025 година, колку што е вкупната сума за сите – околу три милиони евра.
Покрај тоа, Чави одби да има проштална конференција и каква било церемонија, сакаше да си замине тивко и без преголема помпа и одговарање на новинарски прашања.
На последната прес – конференција пред мечот со Севилја веќе се знаеше дека си заминува, а потоа џентлеменски се поздрави со сите членови на „седмата сила“, додека истото го направи и со играчите на последниот тренинг.
Чави си замина како господин, по две и пол години, а од тој ноември 2021 година ја освои Ла Лига и Суперкупот на Шпанија.
На крајот само рече дека „се надева дека еден ден ќе се врати во клубот на својот живот“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
