Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, e разочаран по ремито без голови против Рајо Ваљекано на стартот од Ла Лига. Побара малку време за тимот, но исто така истакна и дека гостите предводени од голманот Столе Димитриевски биле фокусирани на задржувањето на времето.
„Разочарани сме, ги разбирам и фановите. Рајо Ваљекано се бранеше одлично и не ни дозволи да создаваме шанси. Тажно е затоа што сакавме да им покажеме на навивачите дека сме на вистинскиот пат. Ќе мора внимателно да го анализираме натпреварот и да видиме каде погрешивме. Продолжувам да верувам во нашиот модел на работа и очекувам резултатите да бидат многу подобри. Но, мора да напоменам и дека веќе станува смешно да се задржува времето во поголем тек од натпреварот“, изјави Чави.
Барселона во второто коло од Ла Лига ќе му гостува на Реал Сосиедад.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













