
Манчестер Јунајтед ја победи Барселона со 2-1 и се пласираше во осминафиналето на Лига Европа со вкупен резултат 4-3. Барселона поведе со голот на Левандовски во 18. минута од пенал, но во вториот дел следеше пресврт. Фред постигна гол во 47. минута, а Ентони во 73. минута се погрижи за пресвртот.
Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, е разочаран од крајниот исход на натпреварот.
„Тој гол за 1-1 ни нанесе голема штета. Тоа беше топка која требаше да ја освоиме и ја загубивме. Тој загубен дуел беше клучот за нашите проблеми. Нѐ притиснаа со силен интензитет. Во првото полувреме, ги имавме работите под контрола и ни беше удобно да играме“, изјави Чави.
„Многу сме разочарани затоа што бевме возбудени за ова натпреварување. Но, имавме силен противник. Физички тие се многу силни. Да не дојдеше толку брзо израмнувањето, веројатно ќе го контролиравме и вториот дел. Да ги имавме Педри и Гави, веројатно ќе беше поинаку. Не барам алиби, но така е“, дополни тренерот на Барселона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
Хјулманд ќе биде нов тренер на Баер Леверкузен

Млади репрезентации
Станиќ: Подготвени сме за уште еден предизвик против врвна репрезентација

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс
