
Фудбалерите на Барселона вечерва од 21 часот го играат реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен.
Избраниците на Чави Хернандез имаат предност од еден гол од првиот натпревар (2-3), а пред овој натпревар тренерот на Барселона ги искажа своите очекувања.
„Како клуб имаме одлична можност. Играме дома, тоа е голем фактор во наша корист. Може да има магични ноќи и на „Монжуик“ исто како на „Камп Ноу“. Имам чувство дека ќе биде натпревар сличен на првиот. Ќе нѐ притиснат, а ние ќе треба да најдеме простор и да покажеме сила за да се пласираме во полуфиналето. Зборуваме за еден од најдобрите тренери и тимови во светот. Имаме многу ентузијазам и желба, многу сме возбудени, изјави Чави.
„Многу сум мотивиран и среќен за тоа каде сме како клуб. Имаме шанса за полуфинале во ЛШ по пет сезони. Се согласувам со Анчелоти за една работа. Победите ти носат олеснување, а во поразите едвај дишеш“, дополни тренерот на Барселона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal