Connect with us

Чави: Повторно го добивме најтешкиот противник

Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, изјави дека неговиот тим има огромен предизвик пред себе во нокаут рундата од Лигата на Европа против Манчестер Јунајтед.


Барселона на првиот натпревар на 16 февруари на „Камп Ноу“ ќе го пречека Манчестер Јунајтед, а реваншот е седум дена подоцна на „Олд Трафорд“.


„Ќе мораме да се надигруваме, одиме во Манчестер против квалитетен ривал и клуб со богата историја, кој многу се подобри од доаѓањето на Тен Хаг. Тие имаат одлични поединци, а ние повторно го имаме најтешкиот ривал во Лига Европа“, изјави Чави.


„Ќе имаме време да ги анализираме, тие се силен тим, не само поради Кристијано Роналдо туку и поради други квалитетни играчи. Манчестер Јунајтед е клуб со голема историја. Се среќаваат два големи европски клуба и тоа ќе биде огромен предизвик“, дополни тренерот на Барселона.


Барселона и Манчестер Јунајтед досега играле 13 пати во европските натпреварувања.


Барселона влезе во нокаут рундата од Лигата на Европа како третопласирана екипа од групната фаза на Лигата на шампионите, а Манчестер Јунајтед беше второпласиран во групата во Лига Европа зад Реал Сосиедад, кој директно се пласираше во осминафиналето.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови