
Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, го критикуваше тимот по нивната тешка победа од 3-2 над Алмерија.
„Тоа е натпревар кој требаше да го добиеме со 2-0 или 3-0… но тимот го нема духот што го покажа минатата сезона, агресивноста или концентрацијата. Ова е неприфатливо“, реагираше Чави.
„Да бидам јасен: ние воопшто не сме Барса од 2010 година. Не можете да не трчате како животни, да не влегувате за секоја топка… да не давате сѐ од себе. Ова е неприфатливо. Трчајте како животни или немате шанси за победа. Борете се за секоја топка или нема да освоиме ниту една титула оваа сезона. Сакам секогаш да гледам страст“, изјави Чави, видно незадоволен од играта на своите играчи, кои се третопласирани на табелата во Ла Лига.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
