Барселона одигра само 3:3 против Интер на „Камп Ноу“ и практично ги загуби шансите за пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите. Тренерот Чави Хернандез е разочаран и вели дека неговиот тим не заслужил повеќе ако не може да оствари триумф над Интер.
„Првото полувреме беше одлично, добро напаѓавме и го натеравме Интер да страда. Гави и Педри го контролираа средниот ред. Сепак, во второто полувреме направивме премногу грешки. Си дозволивме да паднеме по првиот примен гол. За вториот гол на Интер имаше сериозна грешка,што не смее да се дозволи на ваков натпревар. Во Лигата на шампионите секоја грешка се плаќа скапо. Се обидовме да се вратиме во игра и покажавме карактер , но ако не можеме да го победиме Интер дома, не заслужуваме да одиме понатаму“, изјави Чави.
На Интер сега му е потребно да го победи следниот натпревар против Плзен и да се пласира во осмиафиналето заедно со Баерн Минхен. Оваа група беше нарекувана група на смртта“.
„Знаеме дека повеќе не ја држиме судбината во наши раце. Немаме големи надежи. Плативме голема цена за грешкитеЈас сум тренер и ја преземам одговорноста. Сега треба да се концентрираме во Ла Лига, каде сакаме да останеме на врвот“, смета Чави.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













