Connect with us

Чави (не)ненамерно го понижи Бруно Фернандеш: „Тоа момчето од Португалија“

Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, се најде во центарот на вниманието поради непочитувањето што го искажа кон Бруно Фернандеш, еден од главните играчи во тимот на Манчестер Јунајтед и португалски репрезентативец. Беше многу очигледно дека не може да се сети на името на еден од главните играчи на Јунајтед.


„Тен Хаг го вади најдоброто од секој играч. Погледнете ги само Рашфорд, Санчо или тоа момчето од Португалија. Погледнете како игра Фред, разликата може драстично да се види во секој од нив, а тоа води до фактот дека тимот игра многу подобро“, изјави тренерот на Барселона.

Бруно Фернандеш е еден од предводниците во тимот од „Олд Трафорд“, а навивачите на Манчестер Јунајтед се бесни бидејќи сметаат дека Чави на тој начин намерно го понижил играчот за врска.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови