
Името на Чави Хернандез е едно од најдискутираните во последните месеци, а причина за тоа беше изјавата на Шпанецот дека на крајот од сезоната ќе го напушти каталонскиот клуб. Стратегот својата одлука ја објави во јануари, кога тимот беше во прилично лоша форма.
Оттогаш, Барселона сериозно ги подобри перформансите, а во медиумите почнаа да кружат информации дека Чави би можел да се предомисли.
Неодамна, техничкиот директор на клубот Деко како и претседателот Жоан Лапорта изразија подготвеност да го продолжат договорот со Шпанецот доколку се предомисли на крајот на сезоната.
Сепак, Чави ќе ја преиспита својата иднина само во еден случај, а тоа е доколку шпанскиот гигант ја освои Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
