Барселона од понеделник ги започнува подготовките за новата сезона. Раководството на клубот им порача на четворица играчи дека не мора да доаѓаат на почеток, туку имаат уште една недела за да најдат нов клуб, објави „Мундо Депортиво“. Станува збор за Оскар Мингеза, Самуел Умтити, Рики Пуиг и Мартин Брајтвајт.
Тренерот Чави Хернандез веќе им порачал дека нема да смета на нив. Се верува дека ниту еден играч нема да му прави проблеми на каталонскиот клуб. Потрагата по нови клубови е веќе во тек.
Барселона се надева дека ќе го продаде и Френки де Јонг кој треба да замине во Манчестер Јунајтед. Сепак, фудбалерот не сака да замине на „Олд Трафорд“.
Од друга страна, веќе со недели трае големата трансфер сага за доаѓањето на Роберт Левандовски, кого Баерн не сака да го пушти лесно.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













